Дејан Кулушевски е еден од играчите со македонско потекло кој се одлучи да не настапува за нашата селекција и наместо тоа се реши да ги брани боите на Шведска, земја во која е роден.
Потоа овде имаше многу коментари, пред се негативни, меѓутоа дека не е се така црно говори најновата изјава на Дејан посветена на Македонија и неговите македонски корени.
-За мене и моето семејство Македонија е многу важна. Како што вели мојата мајка, никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме. Таму одам секое лето и ми се допаѓа. Отсекогаш сум велел дека ако можам да играм за Шведска и Македонија, тоа би го направил. Ама морав да изберам и ја избрав Шведска затоа што сум од таму. Сега го имаме натпреварот со Вест Хем и после тоа ќе бидам подготвен да ја донесам мојата земја на Светското првенство. Тоа е местото каде што припаѓаме, -порача Дејан за „Гардијан“.