Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп и пратеничката Билјана Кузманоска, денеска ги израдуваа најмалите пациенти во детското одделение во прилепската болница “Борка Талески”.
-Во пресрет на празниците, на дечињата им подаривме новогодишни пакетчиња и ги изненадивме со посета од Дедо Мраз, кој донесе радост и празнична магија. Им посакавме брзо оздравување, добро здравје и среќно, безгрижно детство – напиша Кузманоска на ФБ.
























