Пратениците и Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, започнаа со состаноци со членството од месните комитети. Како што пишува пратеничката Билјана Кузманоска на социјалните мрежи, со граѓаните се разговара за реализираните и планираните проекти на локално ниво.
-Вечерва остваривме конструктивни состаноци со граѓаните од МК Вишне1, Рид 2 и Чачорица. Разговаравме за реализираните проекти на локално ниво и новиот предлог буџет за 2025 година, како основа за економски раст и добробит на граѓаните во сите Општини во Македонија. Искрен и чесен пристап кон секого – напиша Кузманоска.