Кружен тек на улица “Прилепска” со спомен обележје од Александар Турунџев (ФОТО)

Општина Битола е подготвена за реализација на уште еден голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор наскоро ќе започнат работните активности со кои Битола ќе добие нов кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица) – информираат од општина Битола.

-Предвидените средства за оваа намена се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек на која ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев – стои во соопштението од општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.