Кристина Шикова поминува обука за водач на службено куче, што ја прави првата жена во Македонија која ќе биде официјално именувана како водач на службено куче – објавија од мисијата на ОБСЕ во Македонија.
За само неколку месеци, нејзината партнерка од единицата К9, Ада, ќе може прецизно да ги извршува задачите на куче-душкач, посебно при откривањето нелегално огнено оружје и муниција.
Напорите за подобрување на капацитетите за откривање оружје и муниција на Единицата за службени кучиња се дел од проектот на Мисијата за #МЛО – пишуваа од ОБСЕ Македонија.
Кристина работи во МВР веќе шест години, и од првиот момент сакала да работи во Единицата за полициски кучиња откако. Кога се ослободило работно место во оваа единица, таа веднаш аплицирала.
„Сè уште ми изгледа неверојатно, но на тоа повеќе гледам како на задоволство отколку на работа. Отсекогаш сум сакала да работам околу животните“, вели таа.
Нејзината сегашна обука вклучува социјализација, послушност, контакт со доделеното полициско куче, теоретски и практични компоненти, како и физички задачи. Кристина има за цел да се истакне како раководител, да напредува на следното ниво да стане инструктор, активно да им помага на новодојденците и да дејствува како пример.