Битолската полиција поднесе кривична пријава против 26 лица сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, соопшти денеска МВР.
Пријавените во периодот од 17.04.2016 год. до 27.04.2016 година во четири наврати сториле кривично дело „оштетување туѓи предмети“ врз зградата на Општина Битола, објект кој е во евиденција на Студијата за културно- историско наследство на подрачје на Битола-споменик на културата. Пријавените одделно и во различни периоди со фрлање тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата. Предизвиката материјална штета дополнително ќе биде утврдена со вештачење во натамошна постапка.
На 17.04.2016 година седуммина од пријавените додека присуствувале на протест организиран од здружението на граѓани „Протестирам“, фрлале со тврди предмети и оштетиле едно стакло од балконската врата од кабинетот на градоначлникот и употребиле боја, јајца и други предмети со што ја оштетиле фасадата на балконот и влезната врата од зградата на Општина Битола.
На 22.04.2016 година четворица од пријавените со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.
На 24.04.2016 година четворица од пријавените со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.
На 27.04.2016 година тринаесет пријавени лица со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.
СВР Битола постапувајќи по барање од Основното јавно обвинителство, презеде оперативно-тактички мерки и активности и повика дел од пријавените лица. Се јавиле 16 лица, додека 9 лица не се обезбедени за обавување на службен разговор.
Врз основа на Закон за полиција чл.28 и чл.65, СВР Битола има обезбедено доказен матријал за поведување на кривична постапка, соопшти МВР.