Кривична за 50-годишен прилепчанец – полицијата дома му пронашла амфетамин

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во дом кој го користи пријавениот, при што е пронајден и одземен амфетамин – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.