“Кремот” на светското друштво се наоѓа во овој град: Ѓоковиќ купи вила за 10 милиони евра, а неговиот прв комшија е Путин (Галерија)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, стана сопственик на луксузна вила во Марбеља, за која, како што пишуваат шпанските медиуми, “кеширал” дури 10 милиони евра.

Оваа вила се наоѓа во луксузниот дел на ова шапанско летувалиште, па така Новак за први комшии ќе ги има можеби највлијателните личности во светот.

Во Марбеља куќи имаат и Кристијано Роналдо, Владимир Путин, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал Сауд, но и актерите Антонио Бандерас, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Долф Лундгрен, Хју Грант, Хулио Иглесиас, Сајмон Кауел, Ева Лонгорија, но и Фабио Капело, легендарниот фудбалски тренер, како и најпопуларниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.