Другата страна на политиката е најкреативното нешто кое се појави во пресрет на претседателските избори, кои ќе се одржат во недела на 21 април.
Се работи за група на млади луѓе кои настојуваат преку креативни и уникатни интервјуа да добијат одговори од претседателските кандидати на партиите за нивните интереси од секојдневниот живот, литературата, филозофијата…
Тие најпрво направија заедничко интервју на професорите Блерим Река и Гордана Силјановска Давкова, а во текот на вчерашниот ден се појавија и одделни интервјуа на овие двајца кандидати.
Според она што го пишува на Фејсбук страната, на нивната порака не одговорил само претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
-Разговараме со професорката Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова за љубовта кон литературата и уметноста, животните искуства, нејзините херои и хобиа, па дури и запеавме. Погледнете ги ставовите на професорката за она што не води низ животот и обликува како луѓе, преку нејзините искрени одговори во ексклузивното интервју за “Другата страна на политиката” – пишува на Фејсбук страната.