Денес во 02 и 30 часот во полициската станица во Прилеп, 30- годишниот Џ.М од Прилеп пријавил дека вчера околу 23 и 30 часот, без повод и причина, пред куќата на неговиот чичко бил нападнат од поголема група на луѓе предводена од страна на лицето Р.Ј.
Со него биле неговиот брат С.Ј., неговите соседи А.Н., Е.Н., З.Н., Р.Н. и К.Н.
Истите со себе носеле стапови, секири и лопати, со што ги нападнале чичко му С.М. и соседот Б.Ш.
Во нападот со телесни повреди се здобиле Џ.М. и С.М., додека со тешки телесни повреди се здобил Б.Ш.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Прилеп.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.