Крвава Велика Сабота во Македонија: МВР со детали за убиството на детето

sggss

Вистинска трагедија се случила вчера во 15 часот на улицата „1“ пред браната-Долна Матка и раскрсницата со споредниот пат кој води на долниот паркинг откако настанала расправија помеѓу 18-годишниотА.Е.  18-годишниот Џ.С. и уште едно лице на возраст од 16 години, сите од селото Шишево, од една страна и од друга страна 16 годишен малолетник од селото Сарај.

Полицијата информира дека за кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка. Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, кој предходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал.

Од екипа на Итната помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина за обдукција. Во Полицијата Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.