Крај на последните надежи за датум? Доцна ноќва не е постигнат договор, Макрон ја напуштил зградата од задната врата

Според пишувањата на новинарите на Твитер, се чини дека доцна ноќва е ставен крај и на последните надежи дека Франција ќе попушти за доделување на датум за преговори на Македонија и Албанија.

Дописничката за МИА од Брисел, Тања Милевска, на својот Твитер профил напиша дека Макрон ја напуштил зградата од задната врата, не дозволувајќи им на новинарите да постават прашања.

Во друг пост малку подоцна, Милевска напиша:

“Многу лутина кон ЕУ и Западот од делегациите кои се залагаа за проширување после вечерашното фијаско: Западните земји не ја разбираат реалноста. Туск најдобро да е на телефон со Заев сега, негова е одговорноста да направи нешто”.

Според претходните пишувања кон крајот на денот, Меркел, Макрон, Туск и уште неколку мина се повлекле за да состават некаков текст за Албанија и Македонија, но и тоа не успеало.

Оваа информација после полноќ ја потврди дописникот за Радио Слободна Европа од Брисел, Рикард Јозвиак.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.