Владата, парламентарното мнозинство и марионетите на Џес Бејли, во паника, поради бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето велат, ако пропадне референдумот ќе решава Собранието.
Но, не е така! Таа изјава на Владата, парламентарното мнозинство и марионетите на Џес Бејли е ЛАГА како и многупати досега! Таа изјава е во спротивност со Уставот и Законот!
И затоа марионетите на Џес Бејли апелираат: гласајте макар и против, за да се постигне цензусот од 900.001 избирачи. Со излезеност и глас ПРОТИВ, сакаат да прогласат дека самиот народ гласал за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.
Иако за членство во Европската Унија, одлуката се донесува во Собранието со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120), а стапува во сила ако ЗА гласаат мнозинството (900.001) од вкупниот беој запишани избирачи (1.800.000), со погрешна примена на материјалното право, Владата го прифати членот 73 став 1 од Уставот и го спушти цензусот за важност на референдумот, што претставува криминал за кој еден ден ќе одговараат!
Ај да видиме што вели членот 73 став 1 од Уставот: Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови (61) од вкупниот број пратеници (120). Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале (450.002), доколку гласале повеќе од половината (900.001) од вкупниот број избирачи (1800.000).
Тоа значи: Одлуката донесена во Собранието “за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот Димитров-Коѕиас” е усвоена ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале 450.002 доколку гласале 900.001! Ако не излезат 900.001, независно колку од излезените гласале ЗА, одлуката НЕ Е УСВОЕНА! Ако не се усвои Одлуката за членство во ЕУ и НАТО бидејќи не се прифаќа Договорот Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, за истото прашање не може да се гласа во наредните две години!
Ако нема излезеност од 900.001 избирачи, одлуката за членство во ЕУ и НАТО и за Договорот Димитров-Коѕиас НЕ Е УСВОЕНА! Според Законот за референдум, Собранието нема право да решава за истото прашање во наредните две години! Крај на приказната!
Затоа, безусловен бојкот и масовна неизлезеност на денот на гласањето на 30 септември!
БОЈКОТИРАМ ЗНАЧИ НЕ ГЛАСАМ!
Никој да не излезе на гласањето! Оставете ги сами цел ден избирачките одбори и празните гласачки кутии!
Сите што се за бојкот, заедно да прославиме на 30 септември во 19 часот пред Собранието голема победа на демократијата и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!
Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Пишува
Тодор ПЕТРОВ
Извор: infomax.mk