Крај на кариерата? Некогашниот бразилски ас на Вердер, Јувентус и Волфсбург доживеа стравична пoвpeда (Видео)

Бразилскиот фудбалер Диего, најпознат по настапите во дресот на Вердер, а подоцна и во Јувентус, Волфсбург и Атлетико Мадрид, претрпи стравична повреда на ногата, која веројатно ќе значи крај и на неговата кариера, со оглед на тоа дека Диего веќе наполни 34 години.

Диего со неговиот тим Фламенго играл против Емелек во Копа Либертадорес, а во 70-та минута бил фаулиран од Аројо. Диго заработил тешка повреда на лигаментите и прелом на зглобот, а Аројо не добил ниту жолт картон.

Бразилецот после настапите за Сантош, Порто, Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид и Фенербахче потпиша за Фламенго во 2016 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.