Британските медиуми во текот на вчерашниот ден започнаа да ја отплетуваат семејната кралска драма, која се случила меѓу најблиските кралски членови.
Имено, како што пренесуваат медиумите, наводно кралот Чарлс Трети, му рекол на принцот Хари, да не ја носи сопругата Меган Маркл во замокот Балморал, бидејќи тој и останатите членови на семејството брзале да ја видат кралицата што умиpa.
Во медиумите пак, беше пренесено дека Меган останала дома за да ги чува децата.
Вистинска случајност била што Хари и Меган биле во земјата кога починала бабата на принцот. Медиумите во Британија потсетија дека принцот Хари отсекогаш бил исклучително посветен кон својата баба. Работите се искомплицирале кога Хари и Меган објавија дека и двајцата ќе отпатуваат во замокот, каде кралицата Елизабета Трета ги поминала последните часови од својот живот.
Согласно пишувањата на, „The Sun“, принцот Хари бил во Фрогмор кога неговиот татко му се јавил и му потенцирал да не ја носи Меган.
„Чарлс му кажа на Хари дека не е правилно или соодветно Меган да биде во Балморал во толку тажно време“, изјави извор за весникот.