Red или Црвениот како што е именуван лавот во видеото на “BBC Earth” бил опколен од чопор од 20 хиени.
Лавот на почетокот бил беспомошен, невозможно било да се одбрани од толку многу натрапници одеднаш.
Но, неколку минути подоцна неговиот другар го слушнал страшното рикање, па дотрчал да му помогне.
Работите веднаш се промениле, а хиените почнале да бегаат на сите страни.
Дури и најсилното животно може да се најде во невоља и да стане плен, но кога имаш вистински човек со тебе се кинат и челични синџири.