Коњановски и’ даде пехар на претседателката на Советот, Илиевска, за како што рече шампион во кочење на ЕУ проекти (ВИДЕО)

На вчерашната седница на Советот на општина Битола, каде се одлучуваше за донесување на ребалансот на буџетот, свое обраќање имаше и градоначалникот на општината, Тони Коњановски, кој во еден момент и’ додели пехар на претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

Коњановски ја нарече Илиевска шампион за кочење на ЕУ проекти во изминатите четири години.

„Додека за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал.Камењата ги спојувале вековите. Со камења е изградена Виа Игнација, со камења се градат мостови кои треба да не сплотуваат. Мислам дека велосипедската патека е многу позначајна од пронајдениот камен. Пехарот се доделува за исклучителен приодонес на Габриела Илиевска, шампион за кочење на ЕУ проекти во периодот 2021-2025 година“, рече Коњановски.

Ребалансот на буџетот беше донесен доцна синоќа со 17 гласа “ЗА”, против беа советниците од СДСМ, а советниците од ПОИНАКУ гласаа воздржано.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.