Коњановски изврши увид во изградбата на новата градинка во АРМ – се работи на кровот и дограмата

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на градежните активности за изградба на детската градинка во АРМ, каде се финализира првата фаза од изградбата.

Во моментот се работи на кровната конструкција и дограмата, по што ќе следува отпочнувањето на втората фаза за внатрешно уредување на просторот.

При увидот на градежните работи беше констатирано дека, по надминувањето на проблемите со земјиштето градежните работи напредуваат со задоволителна динамика, согласно планираните рокови.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека завршувањето на изградбата и адаптацијата на објектите предвидени за детски градинки е од голема важност, заради надминување на проблемите со долгите листи на чекање во детските градинки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.