Според најавеното вчера околу 13 часот во центарот на Кривогаштани пристигна коњаницата од ’’Илинденскиот марш’’ која веќе традиционално, организирано неколку години наназад свечено се дочекува од страна на градоначалникот на општината.
Триесет и петте коњаници беа поздравени од насобраните граѓани со топло добредојде по што добија заслужен одмор и им посакаа лесен пат до Крушево, со желби догодина повторно да ја посетет општина Кривогаштани, за што во знак на благодарност градоначалникот Тони Заткоски им врачи Благодарница на здружението ’’Илинденски Марш’’ од Ново Лисиче за посебни заслуги во одбележувањето на големиот верски и национален празник Илинден.