КОЈ ЌЕ ГО ОФАРБА СКЕНДЕРБЕГ ЌЕ ЈАДЕ ЌОТЕК: Албанците од „БЕСА“ забранија да се фарба Скендербег, само македонските може!

Албанците протестанти од здружението БЕСА кои даваат поддршка на насилните протести организирани од СДСМ и СОРОС жестоко се спротивставиле на идејата споменикот на Скендербег да биде офарбан и сквернавен при налетот на толпата опозициски вандали.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Информациите од терен говорат дека меѓу протестантите некој спомнал дека и споменикот на „Скендербег“ е дел од проектот Скопје 2014, но кога било предложено истиот да се офарба, предлогот бил одбиен од членовите на албаснското движење БЕСА.

Според информациите, протестантите на СДСМ и СОРОС дури биле и предупредени да не си играат со албанското наследство, како што тоа го прават со сквернавењето на македонските културни споменици и спомен-обележја.

Сведок кој е дел од протестите и кој го слушнал ваквиот предлог вели дека имало жестока реакција од Албанците, кои порачале дека можат да се фарбаат и сквернават само македонските спомен обележја, а не и албанските.

Од нивна страна било сугерирано по втор пат да се нападне Порта Македонија и спомен- обележјето на Илинденците, но по никоја цена не смеело да биде нападнат споменикот на Скендербег. Протестантите Албанци коментирале дека нападот врз Скендербег ке значел директен атак врз историјата на Албанците и тоа ќе влијаело на хомогеноста на тие што протестираат.

Тие јасно порачале дека Албанците не само што категорично ќе се спротиставеле и не само што Заев ќе ја изгубел нивната поддршка, туку можело да дојде и до физичка пресметка.

Извор: инфомкс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.