Кој ја разубави прилепската болница? (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Цвеќето хризантема уште се нарекува и ,,Кралица на есента,,. Во Кина хризантемите се симбол на долг живот, а во Јапонија е национален цвет. Има мудрост во населението на далечниот Исток со длабоката почит кон овој вид на цвеќе.

Денес дворот на прилепската болница се разубави со прекрасни хризантеми, кои на сите вработени и пациенти секојдневно ќе им го разубавуваат просторот.

Донаторот сакаше да остане анонимен, бидејќи верува дека тој што искрено подарува од срце не бара реклама од тоа, доволно му е што ќе знае дека направил добро дело.

Нашата редакција нема да спомни име, само ќе кажеме дека се работи за најдобрата авто школа и технички преглед во градот кој ги препознаваме по жолтата есенска боја .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.