На самиот влез во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа најмераклиското место во градот под Марковите Кули. Ресторан BEER TI & JA веќе цела година е магнет и главна дестинација за сите гурмани и вљубеници во вкусот на традицијата.
Богата понуда на македонска традиционална храна, пријатен амбиент, културен и искусен персонал, ресторан каде ќе добиете комплетна услуга од А до Ш.
Со цел да излезе во пресрет на сите нивни ценети гости, тимот на ресторанот подготви неодоливо посно мени, кое ќе им се допадне на сите оние кои деновиве до Велигден ги поминуваат во пост.
Риба и рибини специјалитети, грилован зеленчук, посни додатоци, салати и популарното македонско ТАВЧЕ ГРАВЧЕ, се само дел од богатото мени кои можете секојдневно да ги дегустирате.
За квалитетот да не правиме муабет, зајрето секогаш пресно и квалитетно, секој кој пробал ќе ви потврди.
Кој рече дека вистински гурман и вљубеник во македонска храна, не може убаво да се нагости и со посна храна?
Повелете во ресторан Beer ti & ja!