Кој ли ќе остане да игра во Победа? Играчите масовно го напуштаат клубот?

Победа АД, онаа новата, отпадна од Првата лига и е во мошне тешка ситуација, за што јавноста детално беше информирана од в.д. претседателот Миле Спиркоски. Надеж дека ќе има некаква стабилизација секако постои, но настаните засега не одат во таква насока.

Играчкиот кадар заминува. Прво по автоматизам клубот го напуштиле странците Макота, Јаќимовиќ и Мандиќ, а потоа и сите фудбалери кои се отстрана, од другите македонски градови. Нова средина одбрале и најнадежните млади домашни играчи. Така, Лука Трајкоски е веќе во Македонија ЃП, а заминува и Марио Наумоски.

За искусниот Даниел Карчески заинтересирани биле повеќе клубови, најмногу Силекс. Се чека изборот на голманот и капитен, Дарко Тофилоски.

Навивачите посакуваат побрзо средување на прилепскиот второлигаш и наскоро да има движење во обратна насока. Се очекува изјаснување на тренерот Тони Мегленски и закажување прв собир.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.