Кој има помоќна лимузина – американците направија споредба меѓу возилата на Трамп и Путин

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп имаат нешто заедничко, а тоа е љубовта кон лимузините од висока класа.

Путин наводно потрошил 192 милиони долари на својата нова лимузина која ја пкажа на инаугурацијата. Автмобилот кој е отпорен на куршуми со 860 коњски сили официјално е наречен „Аурус“, што е комбинација на зборовите „аурум“ што значи злато и „рус“ што ја претставува Русија.

Аурусот на Путин има вградена напредна одбранбена и комуникациона технологија.

 

Трамп своето возило го наследил, познато е под името „Ѕвер“ од својот претходник Барак Обама, кој автомобилот го добил во 2009 година.

„Ѕвер“е обложена со елик, алуминиум, титаниум, керамика, како и стаклена волна на вратите. Екстериерот исто така штити од хемиски напади, а челичните обрачи се дизајнирани за д го задржат автомобилот во движење дури и ако гумите се уништени.

Според американските истражувачи, „Ѕвер“ може да се појави уште ова лето и во многу карактеристики да биде помоќна од својот претходник од гаражата од Белата куќа. За изработка на нов автомобил потрошени се скоро 15 милиони долари.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.