КОЈ Е ЏЕМО ХАСА: Балист кој ѕверски ликвидирал и измачувал партизани низ Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев очигледно најсреќно се чувствува онаму каде се понижува Македонија. На Заев се чини воопшто не му се пречи негирањето на Македонија. Додека на неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК, карти на голема Албанија, како и знамето со ликот на балистот, убиец на партизаните, Џемо Хаса, Зоран Заев си се смешкал и “навивал” за Македонија.

skendija_-_02

На арената „Филип Втори“ вчеравечер се вееше знаме со ликот на Џемо Хаса (Џемаил Хасани), а кое го закачија симпатизерите на ФК Шкендија за време на вчерашниот дуел со белгиски Гент. Потегот на навивачите не нè зачудува, со оглед дека самите се нарекуваат „балисти“, а Хасани е лидерот на балистичкото движење во западните делови на Македонија во периодот на Втората светска војна, пишува порталот Телеграф.

Сепак, зачудува фактот што лидерот на опозицијата, иако е јасно со каква сценографија се користат навивачите на ФК Шкендија, реши да седне рамо до рамо со „балистите“ на „Филип Втори“, додека на неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК, карти на голема Албанија, како и знамето со ликот на балистот, убиец на партизаните, Џемо Хаса.

Целосната сторија за тоа кој е Џемо Хаса прочитајте ја ТУКА.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.