Дознајте со кого ќе склучите најдобри бизнис зделки, кој најмногу ќе ве сака и со кого ќе бидете главна ѕвезда на секоја забава…
Овен
Љубов: Најголемиот љубовен предизвик ќе го најдете во знакот на Стрелец. Ќе бидете воодушени од неговиот широк поглед кон светот. Ќе ви се допадне погледот кон иднината без навраќање во минатото.
Дружење: Најуспешните дружби ве оечкуваат со припадниците на Риби. Конечно некој ќе ги разбере вашите најинтимни дилеми.
Работа: Најдобар бизнис соработник ќе ви биде Јарецот. Вие сте фантастични во лансирањето на проекти, но ви треба некој кој со напорна работа ќе ве донесе до самиот крај.
Бик
Љубов: Најдобриот партнер ќе го најдете во Девицата. Нејзината склоност кон анализи и зрел пристап кон животот ва вас ќе влијае смирувачки. Двајцата ќе барате мир по сите поминати „битки“.
Дружење: Кога ќе посакате квалитетна забава со добра музика, викнете го Лавот и работата е решена. Преку него можете да запознаете и идни соработници.
Работа: Најдобар бизнис соработник ќе ви биде Водолијата. Потребен ви е советник и визионер кој ќе ги види оние работни трендови кои другите никогаш не би ги забележале.
Близнаци
Љубов: Најдраг партнер секако ви е Вагата, која со доволно дипломатија ќе ги разреши сите дилеми.
Дружење: Највозбудливите журки ќе ги поминете во друтво на Шкорпиите. Тие се вистинска екипа за ноќни талкања кога ќе ви здосадат емотивните дилеми и натрупаниот работен распоред.
Работа: Најдобар бизнис партнер за вас е Стрелецот. Од него ќе научите од себе да го извлечете оптимизмот во најтешките моменти.
Рак
Љубов: Ваш најдобар партнер ќе биде Јарецот, бидејќи тој е доволно стабилен и упорен за да ја стекне вашата доверба. Ценете ги неговите непоколебливи емотивни и семејни вредности.
Дружење: Најопуштени ќе бидете во друштво на Биковите. Нивниот хедонистички пристап во решавањето на проблемите ќе ви помогнат да ги надминете времените епизоди намеланхолија и замор.
Работа: Најдобар соработник ќе ви биде Шкорпијата. Нејзината дијаболична интуиција и неуморното темпо на работа ќе биде вистински водич во замаглените работни ситуации.
Лав
Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Водолијата, на која никогаш нема да и биде тешко да ги сослуша вашите интелектуални и духовни сапуници. На кого му треба секс кога можете да раговарате до раните утрински часови?
Дружење: Ваш најдобар пријател ќе биде Овенот, на кого не мора многу да му се објаснувате околу вашите чувства. Понекогаш шопингот, кафето и премолченото разбирање се најдобра пријателска поддршка.
Девица
Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Бикот, кој ќе одговара на вашата енергија на реален оптимист. Покрај честите излегувања, најинтересните работи помеѓу вас ќе се случуваат далеку од љубопитните погледи.
Дружење: Најдобра придружба за време на журките ќе ви биде Ракот. Неговиот имиџ на сензуално секси суштество, кое секогаш ја почитува семејната вредност добро му стои на вашиот одмерен кул став на објективен набљудувач на животот.
Работа: Најдобри соработнии ќе најдете во знакот на Риби. Тие правилно ќе ги разберат ваште креативни сигнали и ќе ве поддржат во промените кои доаѓаат.
Вага
Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Овенот кој е подготвен заедно со вас да тргне во мисија на совладување на препреките. Вие ќе ги ублажите неговите остри работи, а тој во вас ќе пробуди страст за уште една емотивна авантура.
Дружење: Моменталните забави, но и сериозните разговори најквалитетно ќе ги споделите со Близнаците. Тие ја разбираат вашата понеогаш двојна природа. Ќе ве насмеат и во најтмурните времиња.
Работа: ајдобар бизнис партнер ќе ви биде Водолијата, која знае да ја цени вашата посветеност и заедно со вас креативно ќе развива нови, дури и револуционерни идеи.
Шкорпија
Љубов: Љубовта најлесно ќе ја пронајдете кај припадниците на Риби, кои го чувствуваат вашето расположение.Комбинаците на прилагодливост и романтика ќе го смири бурното море – вашиот карактер.
Дружење: Најдобар пријател ќе ви биде Шкорпијата, бидејќи единствено друг припадник на вашиот знак може да знае како вистински се чувствувате.
Работа: Најдобар бизнис партнер ќе ви биде Бикот, кој е еднакво тврдоглав во потрагата на вистинското решение. Ќе ви годи соработката со трезвена, но и страствена личност, која најмногу се залага кога другите веќе почнале да се откажуваат.
Стрелец
Љубов: Најдобар партнер за ва ќе биде Лавот, кој ќе ги цени вашето внимание и храброст. Најшармантни сте кога се борите за љубовта со сите средства. На Стрелците во напад ретко кој може да одолее.
Дружење: Најдобар соработник за хедонистики авантури ќе најдете во знакот на Риби. Добро ќе се разбирате во потрага по вистината, која води низ вкусни готвачки рецепти и фино вино.
Работа: Вашиот најдобар биснис соработник ќе бидат Близнаците. Тие добро разбираат како е да се седи на пет столици, а да се размислува за тоа што се случува на шестата и седмата. Кралевите на мултитаскингот ќе ви бидат од непроценлива помош.
Јарец
Љубов: Најдобар партнер ќе пронајдете во знакот на Рак. Тој никогаш не престанува да ги покажува своите емоции. Неговото чувство за интуитивно зачувување на односот и заедницата е талент кој вие допрва ќе го учите.
Дружење: Во друштво на Девицата ќе се држите до заедничките интереси (подобро спорт, планинарење, патување, отколку компјутерски игри и долги часови во кафуле). Да ја пронајдете личноста која еднакво го обожава своето хоби, па тоа е во рангот на пронаоѓање на сродната душа.
Работа: Најдобар соработник секогаш ќе најдете во Шкорпијата. Таа ја разбира вашата егоистична борба за позиција, желбата се да сработите пред зададениот рок, како и тежината на работата во тим. Не бидетеспореници, туку сојузници.
Водолија
Љубов: Најубавите убовни моменти ќе ги поминете со Стрелец. Оние со слободен дуг имаат доволно страст да ве одведат на возбудливо емотивно патување. Ќе ве научат на важноста на довербата.
Дружење: Вашиот друштвен живот би бил невозможен без Лавот, особено оној кој никогаш не спие. Заедно ќе пројдете низ многу различни ситуации и од секоја ќе го искористите она најдоброто.
Работа:Најдобар соработник ќе најдете во Овенот, само ао сте подготвени да го следите неговото темпо. Тој умее да ги препознае вашите квалитети и никогаш од вас нема да го бара она за кое не е сигурен дека можете одлично да го сработите.
Риби
Љубов: Возбудливи денови и ноќи ве чекаат со припадник на Ракот, кој не може да престане да гледа во вашите очи, хипнотизиран од блискоста која ја чувствува кон вас. Бидете дама и задржете го овој „примерок“.
Друштво: Серија журки за кои долго ќе се зборува ве очекуваат со припадници на Стрелец. Најдовте рамен на себе и нема да застанете со забавата се додека еден од вас „не падне под маса“.
Работа: Добар соработник мо да пронајдете во Лавот, од ого можете да научите како елегантно да прескокенте неколку скалила и без задишаност да стигнете до врвот.