Тодор Тодороски од Прилеп, момчето кое прави магија од женското лице и фризура, се запозна со Ким Кардашијан.
Тоше се наоѓа во Дубаи каде учевствува на Мастеркласот на Марио Дедиванович -личниот шминкер на најпознатата риалити ѕвезда во светот, Ким Кардашијан, која оваа година лично присуствува на настанот.
Инаку прилепскиот стилист редовно ги разубавува пред настап сите познати ѕвезди кои гостуваат во Прилеп, но и во другите градови.
Неговиот талент и желба за работа и докажување се огромни, а Мастеркласот во Палм Џумерах во Дубаи ќе биде и печат на неговиот квалитет.
А.Г.