Полската полиција распиша награда од 1.200 евра во буџетот за информации кои би довеле до апсење на групата радикални националисти кои во неделата, на Маршот на независноста и прославата на 100-годишнината од враќањето на Полска на мапата на Европа, го запалија знамето на Европската Унија и скандираа „Марш ЕУ“.
Со снимката од палењето на знамето на ЕУ се пофали еден од двата главни организатори на Маршот на независноста, ултракатоличката Сеполска младина, а лидерот на другиот организатор Кшиштоф Босак од Народното движење се обиде инцидентот да го оправда со фактот дека законот наводно го штити само полското национално знаме од палење и сквернавење.
„Симболот на ЕУ кој ни одзема дел од суверенитетот не подлежи на правна заштита така што изразување на мислење за ЕУ на таков начин не подлежи на казна“, кажа Босак за државната полска телевизија ТВП.
Полската полиција има поинакво мислење и командантот на полицијата на Варшава распиша награда од 1.200 евра за информации кои би довеле до апсење на радикалите кои го запалија европското знаме, а полицијата почна да објавува снимки од националистите кои и покрај забраната на Маршот палеа факели и фрлаа петарди.
Flaga Unii Europejskiej spalona. Tłum skanduje: Precz z Unią Europejską! #MarszNiepodległości pic.twitter.com/qrRHTsw825
— Młodzież Wszechpolska (@MWszechpolska) November 11, 2018
За тоа им се заканува казна до 14 дена затвор или парична казна, и полицијата ги моли граѓаните да им помогнат да ги идентификуваат.
„Во Варшава на Маршот на независноста учествуваа 250.000 луѓе и тоа е најголемата таква манифестација од прославата кога во земјата доаѓаше папата Јован Павле Втори. Маршот во голема мера беше мирен, иако имаше маргинални инциденти кои заслужуваат осуда“, изјави денес за вчерашната прослава на 100-годишнината на полската независност министерот за внатрешни работи Јоахим Бруѓински.
Tak było pic.twitter.com/RGAGqCFiji
— Cezary „Trotyl” Gmyz (@cezarygmyz) November 11, 2018
Тој потврди дека полицијата и Агенцијата за внатрешна безбедност спречила околу 400 национални екстремисти од странство и стотина од земјата да дојдат на маршот, за да нема провокации со расистички пароли и неофашистички симболи како минатите години, а откажани биле и неонацистички конференции и концерти.
Извор: “Република”