Кога се сака се може, а за тоа најдобар пример е кафе “ТАБУ”, прилепчани можат да уживаат во кафе и освежителни пијалоци по цена која одговара за сечиј џеб.
Младите во Прилеп долго време реагираат на социјалните мрежи за цената на кафето во угостителските објекти, и велат дека моменталните цени во повеќето локали се превисоки.
Апелите на муштериите досега ги слушнаа и применија неколку угостители, а “TAБУ” е едно од тие места.
Така цената на кафето секој работен ден од 08 до 12 часот, е само 50 денари за еспресо, чај и лимонда и 60 денари за макијато, а имаат и одлични пакети.