Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица и Прилеп двојазичност, глупости невидени – зборуваше Заев (Видео)

Фондот за пензиско и инвалидско осигрување во Неготино, Прилеп и Кавадарци доби нова табла. Покрај она „Северна“, новиот напис на институцијата го краси и превод на албански јазик. Ова се случува во градови каде бројот на жители од албанска националност искажан во процент е 0,01 отсто!

Неготино

Ништо поразлична не е ситуацијата во Прилеп и Кавадарци.

Своевремено, лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, се чудеше кој тоа ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија.

-Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа, зборуваше Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.