КОЈ АКО НЕ НОРВЕЖАНИТЕ! Норвешка го гради највисокиот облакодер во светот направен од дрво (ВИДЕО)

Норвешка ја изгради конструкцијата за најголемиот облакодер од дрво во светот, зграда која е еколошка и е отпорна на пожар.

Дрвената зграда Мјос ќе биде сместена во близина на истоименото езеро кое се наоѓа околу 100 километри северно од Осло.

Зградата е висока 85,4 метри и има 18 спратови.

Инвеститорите велат дека со користењето на дрво кое е обновлив материјал може да се редуцира застапеноста на јаглероден диоксид, спротивно на бетонот кој е основен материјал за изградба на стамбени згради.

“Дрвната изградба ни помага да дишеме во подобар свет”, вели Артур Бухард, додавајќи дека проектот го започнал инспириран од Парискиот климатски договор.

Градителите велат дека зградата ќе биде отпорна на оган, затоа што дрвото е обложено со лепак и може да изгори само ако континуирано е изложено на оган.

Отварањето на оваа зграда е планирано за март 2019 година, а зградата содржи станови, внатрешен базен, канцеларии, ресторан и заеднички простории.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.