Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас тврди дека преговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија траат веќе една година, пишува инфомакс.
Во интервју за грчка телевизија Коѕијас објаснува дека подолго време се разговара за признавање на Македонската православна црква под името Охридска архиепископија и дека Грчката црква не треба да се меша во тоа прашање.
Коѕијас вели и дека би требало да им се даде награда на луѓето од Скопје за размислувањето и за храброста, одново да се вратат на традиционалното и непровокативно име, Охридска архиепископија.