Кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“ на средба со градоначалникот Ристески

Градоначалникот Марјан Ристески денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“. Поводот за средбата беше продолжување на одличната соработка со општина Прилеп, инвестициите во новите спортски објекти како и влез на кошарката во втората лига.

_MG_0975

Според тренерот Сашо Костоски на состанокот во општина Прилеп,  направен е план за оваа како и за наредните години:

„Мислам дека кошарката како спорт во нашиот град треба да ја кренеме на повисоко ниво, а со помош на локалната самоуправа тие планови ќе се остварат. Им се заблагодаруваме уште еднаш на општина Прилеп за одличната соработка и помошта што ни ја даваат“, посочи Костоски во својата изјава.

_MG_0965

„Имаме три победи и пет порази, но имаме уште доволно утакмици да се вратиме на врвот на табелата и да обезбедиме пласман во втора лига“, кажа Благоја Здравески, кошаркар во кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“.

_MG_0969

Според градоначалникот Марјан Ристески иако кошарката нема некоја голема традиција, сепак има многу талентирани деца во Прилеп за што сведочи токму овој клуб.

„Општина Пирилеп, заедно со бизнис секторот сериозно размислува да го подигнеме овој клуб на едно повисоко ниво и од третата лига, Прилеп да се натпреварува во втората лига. Градот инвестираше и ќе инвестира преку изградба на нови спортски сали кои ќе бидат изградени оваа година како и во баскет терени. Ќе се изградат и пет баскет игралишта во соработка со Агенцијата за млади и спорт и тоа во населбите: Бончејца, Точила, типски куќи, во населбата Под Кули и во близина на паркот на Могилата“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.

_MG_0971

Општина Пирилеп во континуитет ќе продолжи со поддршка на спортските клубови и настани.

_MG_0940

_MG_0957




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.