Екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, преку емотивна порака на Фејсбук се збогува со својот пријател и соработник Зоран Давидовски, кој го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа во близина на селото Ласкарци.
Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.
“Те испративме денеска на вечното почивалиште ама те испративме прерано драг пријателе. Изгубивме човек кој го сакаше животот, изгубивме и експерт кој неуморно работеше на сообраќајно осовременување на Скопје. Ми беше многу значаен соработник, другар и пријател. Сочувство до неговата фамилија. Почивај во мир Зоран Давидовски”, напиша Трајановски на Фејсбук.