Котеска контра Борисов: Вие сте фашиcтичkи окyпатopи

Реакција на заканата на бугарскиот премиер Борисов кој порача дека ако некој некој каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добие бугарска помош!

Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му врати дека Гоце Делчев е Македонец а Македонците говорат македонски и професорката Јасна Котеска контра Борисов во врска со фашистичката окупација.

“Па еве ЈАС лично ТВРДАМ дека СТЕ ФАШИСТИЧКИ окупатори во 2 св. војна. #bojkoborisov Тоа е историски факт. Ало бре и историски факти ли ќе менувате како ќе ви текне??”, прашува Котеска.

Како Борисов може да и ја укине помошта на професорката засега Софија не објаснува.

Котескa е изненадена што никој од Социјалдемократите не реагира на заканите од Борисов.

”Силниве левичари изгледа уште фатени со анализа на водата на Борисов. Има некој да гукне за фашистичкото наследство на Бугарија во 2 светска војна или тоа се’ така, колку да се истера ден со некој мим?
Абеее…. варош, нек си се тртља во калта. Ни на фашизам не се реагира. Бљак!”, пишува професорката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.