Николче Петковски, долгогодишен директор на Еуростандард банка, одработувал за себе и за политички партии, а големи средства од банката се одлевале во струмичкиот регион, изјави бизнисменот Трифун Костовски во Студио 10 за ТВ24.
Костовски тврди дека пред година и половина дознал дека директорот Петковски, иако добар познавач на банкарството и „човек на место“, сепак одработувал за политички партии, за СДСМ, каде што бил член.
–Големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во „Галафарм“, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно. упорно таму се пикале пари – изјави Костовски за ТВ 24.