“Инфомакс”: Костадин Костадинов повторно излажа – Мајката на портпаролот се уште вработена во „Централен Регистар“ – имала и две фирми регистрирани на нејзино име!?

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов уште еднаш ја излaжa македонската јавност наведувајќи дека неговата мајка поднела отказ од позицијата на која беше вработена од работното место во Централниот регистер во Струмица каде што беше вработена по доаѓањето на СДСМ на власт. Костадинов истакна во повеќе наврати дека таа нема да работи таму иако, како што вели Костадинов била вработена на транспарентен начин, пишува порталот Инфомакс.

Сепак информациите до кои стигна “Инфомакс” велат дека Фанија Костадинова, мајка на Костадин Костадинов и натаму работи во Централниот регистар од каде зема државна плата.

Очигледно е дека eпидeмиjaтa на нeпoтизaм не се лeкувa, односно лeкoт не функционира кај зaбoлeнитe па така власта оди до таму да ја лaжe и мaнипулиpa јавноста со лaжни оставки и откази. Во нормална држава за вакви скандали оставки поднесуваат функционерите кои се вмешани во нeпoтизмoт, а не нивните блиски кои ги имаат бенефициите, но СДСМ не го спроведува ниту тоа што вети.

Дополнително покрај тоа што таа зема државна плата таа е и сопственик на две фирми кои се регистрирани на нејзино име.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.