Коронавирус и во Крушево: Потврдени првите случаи

Во изминатото деноноќие од 73 новопотврдени случаи со коронавирус во Македонија, за прв пат дијагностицирани се два случаи и во Крушево.

По резултатите добиени од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп откриени се првите два случаи кои се позитивни на вирусот ,,Ковид 19″, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Лицата се во изолација и во добра општа состојба. Инспекциските служби заедно со здравствените работници од градот работат на откривање на кругот на контакти кои ги имале заболените со цел да се спречи проширување на заразата.

Локалните власти од Крушево тврдат дека прилепчанка е причината што во овој град засега две лица се заболени од овој вирус исто како што од Прилеп вирусот го проширија прилепчани во Битола и Демир Хисар. Ново заболените во Крушево како и 134 од Прилеп се во домашен карантин – дознава “Канал 5”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.