Кон земјава се доближува првиот есенски циклон Викторија – метеоролозите информираат каде ќе падне првиот снег

Летното време и натпросечно високите температури ќе се задржат и на самиот почеток од септември, но сепак ваквата верменска состојба некаде на средината од следната недела ќе го прекине првиот есенски циклон за оваа сезона – Викторија и истиот ќе го зафати најголемиот дел од Балканскиот Полуостров, информира метеорологот Славчо Попоски.

Циклонот ќе придонесе до голем пад на температурите на воздухот, поинтензивни врнежи како и локално поизразено невреме проследено со силен ветер, поројни врнежи, силни грмежи како и со појава на град.

Поради падот на температурите на воздухот може да се очекува и првиот снег за оваа сезона и тоа особено на италијанските алпи, но има услови првиот снег овој циклон да го донесе и во регионот поточно во северните предели од Балканот односно на словенските високи планини.

Значителен пад на температурите на воздухот на од средината на следната недела ќе има и кај нас и тоа падот на истите ќе биде за 5 до 10 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.