Во рамките на Прилепското културно лето Октетот ,,Прилеп,, во понеделник 15.август 2016 година од 20.00 часот во изложбениот салон ќе се претстави на веќе традиционалниот летен концерт. Ќе исполни избор на песни од нивниот богат репетртоар кој во последно време е збогатен со преработки на стари хитови.
Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.