На 03.10 (сабота) 2015 година од 19.30 часот (голема сала)
Концерт на руски вокален ансамбл „Чајка„ на Здружението на руски сонародници во Р.Македонија „Чајка„ – Скопје
Раководител : М-р Елена Сиљаноска
Рускиот вокален ансамбл „Чајка„ постои од 1999 година. За времето на своето постоење тој успешно ја представува руската песна, традиција и танец на македонската публика во Скопје и во другите градови на Македонија. Исто така ансамблот има настапувано во Србија (Ниш), Бугарија (Софија , Благоевград), Грција (Серес) и два пати ја претставуваше Македонија на Фестивалот на руската песна во Русија (Москва). Добитник е на првото место на Балканскиот меѓународни фестивал на руската песна во 2014 година.
Ансамблот има доста голем фонд на костими, користи во тек на пеење елементи од руски танцoви движења и затоа неговиот настап е интересен за гледање. Во неговиот репертоар се народни, староградски, козачки, новокомпонирани и други песни.
Настапот на руски вокален ансамбл „Чајка„ во Прилеп ќе биде за прв пат и сигурно нема да остави рамнодушна присутната публика, на која ќе ја презентира културната традиција на рускиот народ.
Во недела 4.10.2015 – 19.00 часот (голема сала)
Концерт на гудачкиот камерен орекстар ,,АРКО,,
Гудачкиот оркестар ,,Арко,, постои од 2003 година. Со голем ентузијазам оркестарот негува репертоар близок до увото на изведувачот и на слушателот. Поголем дел од членовите на оркестарот се ученици кои учеле виолина кај проф. Ерхан Шукри. Во изминатите години оркестарот одржал бројни настапи и концерти меѓу кои на позначајните музички манифестации ,,Есенски музички свечености,, (2007, 2008) Бит фест, а гостувал на фестивали во Србија, Бугарија и Русија.
На програмата на концертот во Прилеп се дела од Вивалди, Скарлати, Бах, Пјацола, Мориконе, а солисти се Бојан Ефтимов, Мартина Костадинова, Благој Василевски, Георгина Поповска, Кристина Шокароска, Георги Калајџиев – Џоџо, Енис Алиу, Јована Гелебешева, Елена Гелебешева…
Раководител м- р Ерхан Шукри
Редовен професор по виолина и камерна музика во средното музичкото училиште ,, Илија Николоски- Луј,, Како надворешен соработник 14 години свирел во оркестарот на Македонската опера и балет. Од 1999 до 2001 година бил асистент на Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Член е на гудачкиот квартет,Стрип 4М,, Камерното музицирање и потребата за работа со ансамбли во 2003 годиан вродила со плод – формиран е гудачкиот камерен оркестар ,,Арко,,,. Оркестарот има гостувано во БиХ, Србија, црна Гора, Турција, Хрватска, Франција, Белгија, Полска, Русија, Гемранија, Малезија, Јапонија, САД, Индија, Полска, Португалија…