Во моментов се активни повеќе огласи за вработување на над 200 лица во јавната администрација.
Притоа, денес е последен ден за аплицирање на огласот за вработување 6 службеници во Агенцијата за храна и ветеринарство, додека на огласот за вработување во Агенцијата за вработување можете да аплицирате до утре.
Огласот за вработување во Министерството за култура е активен до петок, додека оној за вработување во КПУ Затвор Скопје е активен до 20 декември.
За вработување во Државното правобранителство можете да аплицирате до 21 декември, а на оној за во Министерството за економија до 23 декември.
Министерството за правда има еден отворен оглас кој ќе биде активен до 23 декември, а Министерството за труд и социјална политика вработува 10 службеници и тој оглас е активен до 24 декември.
Веќе следниот ден, на 25 декември, се затвора огласот за вработување во Агенцијата за цивилно воздухопловство, но и два огласи за вработување во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, од кои едниот е за вработување на 15 службеници.
28 декември, пак, е последниот ден за аплицирање на огласите за вработување во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое вработува 166 службеници, и во ПИОМ.
Извор: “ФАКУЛТЕТИ.МК”