Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола, во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид при Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, распишува оглас за најдобар истражувачки труд и најдобар есеј од областа на осигурувањето.
Право на учество на Конкурсот имаат студентите од прв циклус на студии на насоката Осигурување при Факултетот за туризам и угостителство Охрид, УКЛО Битола, кои имаат запишано семестар во академската година 2020/2021 година.
Студентите со посебни трудови истовремено можат да конкурирараат и за истражувачки труд и за есеј.
Темата за пишување на есеите е: „Бидете безбедни во секоја фаза од животот“ (говорејќи за осигурување на живот), додека пак при изработката на истражувачките трудови студентите се слободни да изберат тема од областа на осигурувањето.
Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-маил адреса:[email protected] најдоцна до 10.03.2021 година.
Истражувачките трудови и есеи ќе се оценуваат анонимно од посебни Комисии формирани од ФТУ Охрид и СН Осигурителен Брокер АД Битола кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите, a во согласност со критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачки трудови и есеи од УКЛО Битола.
За најдобрите истражувачки трудови и најдобрите есеи се доделуваат плакети и парични награди, и тоа:
Истражувачки труд: прва награда 30.000 денари; втора награда 20.000 денари; трета награда 10.000 денари
Есеј: прва награда 15.000 денари; втора награда 10.000 денари; трета награда 5.000 денари
Истражувачкиот труд и есејот треба да бидат изработени во согласност со Упатството за методологија за истражувачки труд, односно есеј, од Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, објавени во прилог на овој конкурс.
Упатство за изработка на истражувачки труд
Подетални информации студентите може да се добијат од Продеканот за настава при ФТУ Охрид, Проф. д-р Александар Трајков ([email protected]) или од Маја Митревка – раководител за човечки ресурси во СН Осигурителен брокер АД Битола ([email protected]).