КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ТЕШКА: „Натпревар во лежење“ во Црна Гора

Петиот по ред „натпревар во лежење“ ќе се одржи в сабота на 15 октомври во етно селото „Монтенегро“ во црногорското место Горно Брезане.

120641295-4

Претходните четири години овој натпревар се одржуваше во август, но оваа година датумот е променет поради парламентарните избори на 16 октомври.

Како што соопштија организаторите, одлуката е донесена со цел да им се обезбеди на натпреварувачите од Црна Гора „да одморат по напорната предизборна кампања“.

Победникот ќе добие награда од 200 евра, а оние кои ќе го освојат второ и трето место, добиваат вечера за две лица во ресторанот кој е спонзор на настанот.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.