Роботското возило на американската вселенска агенција НАСА пронајде знаци на живот кој постоел во далечното минато на Марс, изјавија научниците од американскиот државен Универзитете во Аризона.
За време на истажувањето на платото наречено „Хоум плејт“, роботското возило „Спирит“ пронашоло материјал со слични карактеристики како оној пронајден во гејзерите Ел Таито во Чиле.
Ел Таито гејзерите се добра основа за споредување поради специфичните услови во кои се наоѓаат, како високото ултравилетово зрачење, ниското ниво на врнежи, големата надморска височина и високото ниво на испарување.
– Резултатите покажуваат дека биогениот материјал пронајден во Ел Таито одговара по многу карактеристики на оној пронајден во „Хоум плејт“. Овие сличности укажуваат на можност дека настанале во слични услови, соопштија научниците од Универзитетот во Аризона.