Новите кинески сопственици на италјанскиот гигант Милан донесоа одлука, најголемата ѕвезда на клубот повторно се враќа дома.
Оваа идеа ја имала и Барбара Берлускони пред неколку години, но Андриано Галиани се противел на тоа бидеќи е во лоши односи со италјанската легенда.
Сега, по официјалното заминување на Берлускони од клубот ќе се разниша и позицијата на Андриано Галијани па неговиот збор нема повеќе да има значење.
Малдини го напушти Милан во 2010 година откако помина 25 години таму.
Италјанските медиуми тврдат дека тој ќе биде или тим менаџер или некој од спортските директори.