Конечно: Македонија нема да учествува на Евровизија идната година – со парите МРТВ ќе плаќа сметки за стpyja

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година, ова денеска преку изјава за ММС го потврдил директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

ММС побара официјална информација од директорот Марјан Цветковски, кој ни потврди дека, за првпат по осамостојувањето Македонија нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.

-Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.

Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за прв пат од своето осамостојување.

Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.

Ова е првпат сами да се откажеме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.