Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини, информираат од УХМР.
До среда ќе се задржи претежно стабилно и суво време. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Утринските температури и натаму ќе бидат под нулата.
Во четврток и во петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст.
Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување, а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка.