Конечно: За првпат годинава пад на цените на горивата

За првпат годинава паднаа цените на горивата. Ова се должи на намалувањето на ДДВ-то и акцизата, мерки кои вчера ги изгласаа пратениците во Собранието.

Од почетокот на годината нафтата и нафтените деривати вртоглаво растат, а го пробија и неславниот рекорд од 2012-та година. Тогаш бензинот 98 се точеше за 90,5, 95-ката за 89, а дизелот за 75,5 денари. Но и овие цени во моментот се незамисливи, со оглед на тоа што од особено од понеделникот тие вртоглаво пораснаа. Дизелот за само три дена поскапе за дури 21,5 денари.

Денеска Регулаторната комисија донесе нови цени, поевтини од досегашните. Бензинот поевтинува за 6,5, а дизелот за 9 денари.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар); Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар); Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88,00 (денари/литар); Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС – 60,914 (денари/килограм)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.