Конечно добри вести и од Победа: Пионерите го освоија Купот на Македонија (ФОТО/ВИДЕО)

По две одлагања конечно денес на терените на Спортскиот центар “Петар Милошевски” при ФФМ се одигра пионерското финале од Купот на Македонија во кое за пехарот го добија младите фудбалери на Победа. ФК Њустарс.

Црвени-белите финалниот натпревар го одиграа против ФК Њусарс, а натпреварот го добија после изведувањето на пенали, додека во регуларниот дел од натпреварот беше 0:0.

Црвено-белите момци имаа далеку потежок пат на патот до финалето, во кое се пласираа со 4 победи и 1 пораз.

Елиминирани беа Шкендија во 1/8-финалето во Тетово со 2-0, две победи во 1/4-финалето над врсниците на Брегалница со 5-2 во Прилеп и 3-0 во Штип.

Во првиот полуфинален меч во Прилеп пораз со 1-2 од Работнички, но во реваншот во Скопје победа од 2-1 и победа на пенали со вкупни 6-3.

Противникот-Њустарс имаше полесен пат. На стартот во 1/8-финалето победа 1-0 над Пелистер во Битола, во 1/4-финалето пораз на првиот меч од А.Пандев со 4-0 но поради неправилен настап на еден играч на „пандевци“ скопјани службено се пласираа за полфиналето. Таму победа на првиот меч над Шкупи со 3-0 и поднослив пораз во реваншот од 2-1.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.